X
 16.10.2020 Препорачани огласи

Оглас за вработување во Микросам. Отворени се 13 работни места

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

1. СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГУРТИРАЊЕ - 1 работна позиција
2. СОФТВЕР ИНЖЕНЕР – 2 работни места
3. МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – 5 работни места
4. ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – 5 работни места


За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 250 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com



СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГУРТИРАЊЕ - 1 работна позиција

Основни одговорности и задачи:
- Креирање и објавување огласи за вработување на разни портали
- Организација и имплеметација на процесот за регрутирање
- Соработка со менаџери за поставување критериуми за квалификација на кандидати
- Прегледување на апликации и резимина од кандидати за вработување и подготовка на првично селектирање до претпоставените
- Спроведување на првични интервјуа преку телефон со цел креирање на кратки листи на квалификувани кандидати
- Одржување на контакт со потенцијални кандидати во текот на целиот процес на вработување
- Ориентација на нововработени
- Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси
- Поддршка во односите со вработените
- Вмержување со потенцијални кандидати преку професионални групи на социјални медиуми и за време на настани
- Организирање присуство на Микросам на саеми/настани за вработување
- Активен контакт со универзитети со цел презентирање на Микросам пред нивните студенти
- Активно истражување и барање на алтернативни медиуми/настани за регрутирање
- Одржувајње база на податоци за потенцијални кандидати за идни работни места

Квалификации и компетенции:
- Универзитетска диплома во администрација, човечки ресурси, психологија или еквивалентна област
- 2-3 години работно искуство во административна средина и познавање на работа во областа на човечките ресурси
- Познавање на Англиски јазик, како и МS Office пакет
- Способност за планирање, приоретизирање и навремено извршување на задачите
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
- Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми
- Искуство во регрутирање и интервјуирање ќе се смета за предност.

Што нудиме:
· Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
· Одлични услови за работа во креативна средина
· Амбициозен и професионален тим со големо искуство
· Конкурентна компензација
· Организиран превоз и храна




СОФТВЕР ИНЖЕНЕР – 2 работни места


Основни одговорности и задачи:
• Истражување на различни софтверски алатки
• Развој и тестирање на научно истражувачки алгоритми
• Развој на софтверски системи за управување на CNC роботизирани машини
• Истражување и развој на софтверски системи за контрола на безбедност и квалитет

Квалификации и компетенции:
• Завршен Факултет за информатика – програмирање или при крај со студии
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
• Одлични услови за работа во креативна средина
• Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Конкурентна компензација
• Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
• Организиран превоз и храна



МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – 5 работни места


Основни одговорности и задачи:
• Развој и конструирање на специјални CNC машини за купувачи од целиот свет
• Пресметки на погонски и преносни елементи, FEA анализа, статички и динамички анализи и пресметки
• Планирање и следење на производствените процеси
• Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3Д модели
• Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:
• Завршен Машински факултет или при крај со студии
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
• Одлични услови за работа во креативна средина
• Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Конкурентна компензација
• Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
• Организиран превоз и храна



ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – 5 работни места

Основни одговорности и задачи:
• Проектирање на системи за автоматско управување на CNC машини
• Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
• Изработка на цртежи/електрични шеми
• Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:
• Завршен Електро факултет или при крај со студии
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
• Одлични услови за работа во креативна средина
• Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Конкурентна компензација
• Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
• Организиран превоз и храна

Доколку сте заинтересирани испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: prijava@mikrosam.com

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Огласот трае до 15.11.2020

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Активен до:    15.11.2020

Издвојуваме

Препорачани огласи