X
 21.10.2019 Препорачани огласи

Оглас за вработување во МИКРОСАМ. Се бараат: Електро инженери

Микросам АД, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – 3 работни места

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Основни одговорности и задачи:
• Проектирање на системи за автоматско управување на CNC машини
• Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
• Изработка на цртежи/електрични шеми
• Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија

Квалификации и компетенции:
• Завршен Електро факултет или при крај со студии
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?
• Одлични услови за работа во креативна средина
• Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
• Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
• Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
• Организиран превоз и храна

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: prijava@mikrosam.com

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 20.11.2019г..

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Активен до:    21.11.2019

Издвојуваме

Препорачани огласи