X
 28.09.2022 Препорачани огласи

Оглас за платена пракса во Цементарница УСЈЕ АД Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува

ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
во ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во

ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ


Програмата ги опфаќа следните области:
Превентивно одржување на електро опремата за индустриски машини (трансформатори, мотори)
Планирање и распоред на активности за редовно одржување
Учество во подготовка на извештаи, како и подготовка и имплементација на нови проекти.

Потребни квалификации:
Факултет за електротехнички науки, VII степен (240 кредити), дипломирани или во завршна година на студии
Без работно искуство
Познавање на PLC и SCADA софтвер, индустриска автоматизација (фреквентни регулатори, мерења на процесни величини) ќе се смета за предност
Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Ангажирањето е на определено време од 3-6 месеци, со можност за вработување.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју
Активен до:    08.10.2022

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи