X
 04.05.2015 Живот

Неделна временска прогноза - Какво време не очекува до крајот на работната недела?



МАКЕДОНИЈА

Првиот ден од работната недела ќе го започнеме во претежно сончево и потопло време со пораст на температурите.
Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер.
Минималните температури ќе се движат од од 7 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 20 односно до 30 степени.

СКОПЈЕ

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 27 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Следуваат денови на сончево и многу топло време за овој период од годината. Во вторник и среда сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 23 до 36 степени. Највисоки температури се очекуваат во среда. Во четврток услови за преодна дестабилизација. Ќе биде умерено облачно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици.
Во петок претежно сончево со локална облачност со пад на температурите. Утринските ќе се движат од 9 до 18 степени, а максималните дневни од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот