X
 02.05.2024 Забава

Инспирирана од вистинска приказна: Нова серија на „Нетфликс“ го зазеде првото место на топ-листите

Ако сакате да се залепите за малите екрани, не барајте повеќе! Мини-серијата „Бебе Ирвас (Бејби Рејндиар)“, која деновиве пристигна на стриминг-платформата „Нетфликс“, ги привлече гледачите и за краток период го зазеде првото место меѓу најгледаните наслови во светот. Иако серијата е фикција, таа е инспирирана од вистински настани од животот на креаторот Ричард Гад, а ќе ве освои со интригантниот заплет, длабоките теми и силната актерска игра...

Криминалните серии инспирирани од вистинска приказна станаа омилено бегство од реалноста за многу љубители на седмата уметност. Без разлика дали тоа е затоа што моменталната реалност е прилично сурова, или поради фасцинацијата што сериските убијци ја носат со себе, „Нетфликс“ ја препознава добрата приказна и не успорува во следењето на трендот.

Последниот наслов „Бејби Рејндиар“ го зазеде високото место број еден на топ листите - и тоа со добра причина.


Заплетот на серијата го следи Дони, неуспешен комичар чиј живот се менува кога жената по име Марта влегува во неговиот живот и почнува да му испраќа стотици мејлови дневно. Додека се обидува и не успева да го сопре својот демнач, Дони се сеќава и на еден период од неговиот живот во кој бил насилно злоставуван од ментор по име Дариен.

Ричард Гад, писателот, креаторот и главната ѕвезда на шоуто, веќе бил познат по својата работа, но оваа серија е кулминација на речиси една деценија работа. Инспирацијата за серијата доаѓа од личните искуства на Гад, конкретно од сексуалното насилство што го доживеал како млад комичар. Неговата драма „Манки Си Манки Ду“, ги открила овие трауматични настани и „Бејби Рејндиар“ продолжува да ги истражува нивните последици.

Извор: coverstyle.hr

Фото: YouTube screenshoot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава