X
 10.05.2015 Технологија

Како да слушате видеа на Youtube во позадина на Аndroid платформа?

Кога ќе размислите, YouTube ја има најголемата колекција на музика на целата планета.  За сите љубители на музиката, постои нова апликација за Android која во позадина ви дозволува да слушате музика токму од Youtube.

 

1


1 чекор: Инсталирајте ја апликацијата АudioPocket

 

1


Одете во Google Play Store и инсталирајте ја апликацијата AudioPocket. Апликацијата се`уште е во алфа период на развој, меѓутоа работи со повеќето Android уреди.

2 чекор: Споделете видео од вашата YouTube апликација

 

2


AudioPocket функционира само како приемник за било кое видео на YouTube кое би сакале да го слушате во позадина. Ова значи дека не мора ниту да ја отворите апликацијата за да ја користите. Наместо тоа, одете на видеото со вашата YouTube апликација, и притиснете го Share копчето близу до врвот на екранот, па изберете АudioPocket од менито.

 

3


За неколку секунди ќе го слушнете аудиото од видеото кое свири во позадина. Ќе се појави и нотификација која ви овозможува да ставите пауза или да стоп.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија