„Јутјуб“ подготви неколку промени и ги објави вчера. Од дизајн до функции, и десктоп-верзијата и мобилната апликација добија значителни ажурирања. Ова се некои од новостите.
Новото лого кое го става акцентот на копчето за „Play“.
Нов изглед за десктоп-компјутерите. Помалку црвено, повеќе бел простор и повеќе простор за видео-сликичките.
Десктоп-верзијата на „Јутјуб“ се промени доста во изминативе 12 години.
И мобилната апликација доби промени - повеќе бел простор и без црвен банер најгоре.
Конечно, мобилната
апликација добива адаптивен плеер што може да прикаже вертикално видео без тие црни делови од страната. За жал, не сите корисници ќе ја имаат оваа опција.