X
 03.06.2015 Живот

Денес температура до 33 степени, од утре мала дестабилизација... Какво време не` очекува за време на викендот?



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток и петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во четврток врнежите претежно ќе бидат застапени во западните предели, додека пак во петок врнежите ќе бидат поинтензивни и локално може да наврнат и до 10 литри дожд. Во сабота и недела сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Минималните од 10 до 19 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 22 односно до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот