X
 18.08.2015 Живот

Какво време не` очекува во наредниот период?

Во вторник во Македонија не` очекува свежо утро, со пониски утрински температури кои ќе се движат во интервал од 8 до 18 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со посвежо утро. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 7.

Уште еден сончев ден не очекува во среда, со малку повисоки дневни температури кои ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во североисточните предели со услови за слаб дожд. Максималните температури непроменети ќе достигнат до 25 односно до 35 степени.

Во сабота и недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и посвежо. Во попладневните часови со североисточните, источните и југоисточните предели со врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 22 до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот