X
 26.06.2015 Живот

Македонски Телеком ги претстави новите телефоните кои дефинитвно ќе ги заменат професионалните фотоапарати

На само неколку дена пред светската премиера на познатиот кинески бренд Huawei, во просториите на Македонски Телеком вчера беше организирана промоција на нивните најнови модели на телефони Huawei P8 и Huawei P8 Lite.

 

Во пријатна и забавна атмосфера дистрибутерите на овој бренд заедно со преставници на Македонски Телеком пред македонската јавност ги открија тајните и неверојатните перформанси на овие телефони кои за кратко време имаат тенденција да го освојат пазарот.

Примамливата цена и моќните перформанси кои рамо до рамо конкурираат на светски мобилните брендови го прават овој производител омилен избор на корисниците.

 

Huawei P8 и Huawei P8 Lite со својот софистициран изглед, моќни перформанси како и новитетите во однос на камерата го предизвикаа интересот за време на промоцијата каде можеа да се тестираат предностите на нивните камери.

Huawei P8 има конструкција од метал со висок квалитет, елегантен и тенок дизајн. Може да се пофали со силна способност за фотографирање. Ја поседува првата камера во светот со 13MP и RGBW сензор за слика. Овој телефон има неверојатно контролно мени и подесувања на фотографските параметрите кои досега ниту еден друг паметен телефон ги нема понудено. Па така многу лесно ќе можете да фотографирате и да кадрирате како вистински професионалец. Предната 8MP камера ќе ви овозможи да ги направите селфи портретите уште подобро.

Телефонот дури поседува и опција да го препознае лицето на својот сопственик па така со секоја фотографија автоматски се активираат подесувањата за разубавување правејќи го секој портрет совршен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот