Во 2013 година група на студенти врзале GoPro камера во посебно изграден метереолишки балон, а балонот го пуштиле во вселената.
Нивниот план бил, откако ќе пукне „Icarus“, како што прават и сите метереолошки балони кога ќе стигнат до одредена висина, тимот ќе ја пронајде камерата откако таа ќе падне на Земјата со помош на мал падобран, па ќе имаат можност да видат што таа снимила, па подвигот ќе го стават на YouTube.
Балонот се искачувал на небото 87 минути стигнувајќи до стратосферата, пукнал на висина од 30 километри, а камерата паднала на Земјата. Но, за жал студентите не успеале да ја пронајдат локацијата на која камерата се спуштила, па така експериментот неславно завршил. Но, за среќа, две години подоцна камерата била пронајдена.
Имено, кога балонот бил пуштен, еден од студентите Брајан Чен, на Reddit напишал за нивниот подвиг. Една вработена во AT&T прочитала за подвигот, и случајно ја пронашла камерата во пустина. Таа ја однела на работа и го идентификувала сопственикот според SIM картичката. Така групата студенти успеале да дојдат до снимката од својот експеримент. Погледнете што GoPro камерата успеала да сними додека била во вселената.