X
 01.07.2016 Образование

Студентите на протестот пред СПУКМ ги повикаа колегите на масовност во понеделник

1


 
Студентите од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и граѓани кои ги поддржуваат денеска се собраа пред канцелариите на Студентскиот парламент. Како што изјавија, причината за протестот е нивниот револт од „најсрамните избори во историјата на најстариот универзитет во Македонија“.

 


За време на протестот студентите побараа поништување на изборите за претседател на СПУКМ. Исто така, тие побараа својот став да го искажат и Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и проректорите, а од сите нив очекуваат остро да ги осудат случувањата вчера како и поништување на изборите и непризнавање на претставниците на СПУКМ во раководните тела на УКИМ.


Студентите упатија остри критики кон полицијата, нарекувајќи го МВР „лажга со режимска опашка“.

Демонстрантите се упатија кон УКИМ, а протестот беше под силен полициски надзор. Протестот заврши на УКИМ, а демонстрантите ги повикаа своите колеги во понеделник во 8 часот наутро да бидат со нив пред ректоратот за време на вонредниот состанок на управата. 

 


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование