Пријавите за работни програми во Америка или Грерманија веќе започнаа. Доколку сакате да патувате и да работите во една од овие две земји, тогаш оваа информација е токму за вас.
За работа во Германија треба да се пријавите за
програмата „Working & travel in Germany“. Во рамките на оваа програма може да се запознаете со германската култура, да го усовршите се` повеќе бараниот германски јазик, и секако, да заработите добрби пари.
Во Германија можете да работите три месеци, а дневницата се движи од околу 8.50 евра на час. Посебно чести се работни места поврзани со туризмот и земјоделството, а неопходно е основно познавање на германскиот јазик или завршен почетен курс пред почетокот на работата. За пријавување мора да имате статус на студент.
За неколку дена ќе стартува и пријавувањето за новата сезона „Work and travel 2016“. Оваа програма е наменета токму за студентите бидејќи подразбира работа и патување во текот на летото кога студентите немаат обврски на факултет и кога можат да се посветат на поинаков стил на живот.
Преку оваа програма, студентите ќе имаат можност да живеат во Америка, кадешто ќе доживеат целосно поинаков свет и начин на живот. Програмата подразбира работа во текот на четири месеци (од јуни до октомври) како и месец дена туристички престој во Америка.
Воглавно работните места се сезонски и вклучуваат работници во хотел (најчесто собари/ки), помошник во кујна, келнери, работа на рецепција, чистење и слично. Единствените услови кои се бараат од студентите се редовно полгање на испити, комуникациско познавање на англискиот јазик и возраст до 30 години.