Врнежите од дожд кои ќе започнат во текот на оваа ноќ среда кон четврток, ќе продолжат и во четврток во текот на целиот ден. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и јужните предели, каде локално се очекуваат да наврнат и над 30 литри дожд. Врнежите ќе бидат проследени со засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе дува со посилен интензитет во западните предели и ќе достигне брзина до 30 км/ч. Утринските температури од 3 до 12 степени, а максималните дневни од 5 до 14 степени.
Во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок на планините над 1800 метри се очекуваат и врнежи од снег.
СКОПЈЕ ДЕНЕС: Во четврток во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 11 степени.
МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА: Врнежите од дожд во петок во претпладневните часови ќе престануваат, попладне ќе биде умерено облачно. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.
Од сабота стабилизација на времето но и пад на утринските температури. Во сабота студено утро, со утрински температури кои ќе се движат од 1 до 10 степени. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 7 до 16 степени.
Студено утро не очекува и во недела со утрински температури кои ќе се движат од -2 до 7 степени, во текот на денот сончево и потопло и со дневни температури од 12 до 21 степени
Weather4all.com.mk