X
 19.11.2015 Технологија

Видео игри кои можат да ги подобрат вашите вештини за решавање проблеми

Светски реномираната дизајнерка на алтернативни реалити игри Џејн МекГонигал, сака да ја промени перцепцијата на луѓето за видео игрите и за тоа дека тие се „само за забава“.

 

video


„Мојата примарна цел во животот е еден дизајнер на игри да биде номиниран за Нобелова награда за мир“, вели таа.

Таа сака луѓето да сфатат дека игрите можат да бидат моќна алатка за подобрување на вниманието, расположението, когнитивната сила и врските кај луѓето. Она што најмногу изненадува е тоа дека истражувањата се на нејзина страна.

Истражувањата велат дека мејнстрим игрите како „Call of duty“ може да ги подобрат нашите когнитивни способности многу повеќе од игрите специфично дизајнирани за тоа, како што е „Luminosity“.

За да излезе вистината за честите заблуди, седум невролози од целиот свет, го создадоа документот „A Consensus on the Brain Training Industry from the Scientific Community“ во 2014 година за да докажат дека игрите можат да ги подобрат когнитивните способности, со оглед на тоа што ниту еден научен доказ не бил во можност да го потврди ова тврдење.

Истражувањето од Државниот универзитет во Северна Каролина и Државниот универзитет во Флорида велат дека мејнстрим игрите наменети за забава можат да го подобрат вниманието, ориентацијата во просторот како и способностите за решавање на проблеми.

Доколку сакате да се забавувате и да го стимулирате вашиот ум, МекГонигал препорачува да ги играте следните игри три пати неделно, околу 20 минути - линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија