X
 21.12.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?

Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла која во има тенденција по котлините долж повардарието да се заржи во поголем дел од денот. Во останатите предели ќе биде претежно сончево и топло. Слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -9 до 1 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, која ќе се задржи во поголем дел од денот. Попладне постојат услови за кратки сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 7 степени.

Во периодот од вторник до петок ќе преовладува претежно сончево и топло време, а по котлините и долините на реките ќе биде магловито и ќе има појава на ниска облачност. Во вторник дневните температури од 8 до 16 степени, а во среда тие ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени. Во четврток претежно сончево време и максимални температури од 6 до 17 степени. Во петок се очекува пад на утринските температури од -4 до 4 степени, а максималните од 6 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот