X
 31.01.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Облачно со поинтензивни врнежи од дожд и засилен ветер

Во Македонија во сабота во утринските часови врнежите ќе престануваат. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за кратки сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта сабота кон недела повторно се очекуваат обилни врнежи од дожд и силен ветер. Локално се очекуваат да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен.

На планините над 1000 метри со врнежи од снег.

Поради обилните врнежи и силен ветер ќе биде намалена и видливоста.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Минималните температури ќе се движат од 0°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 4°C до 13°C.

Во Скопје во утринските часови врнежите ќе престанат. Во текот на денот ќе биде умерено облачно.Нови пообилни врнежи ќе има во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура од 3°C, а максималната дневна до 10°C.

Облачно со врнежи од дожд и ветровито ќе биде во недела. Попладне врнежите ќе престануваат. На планините над 1000 метри со врнежи од дожд.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен југозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 2°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 14°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот