X
 10.01.2016 Живот

Tелефонот ви е повеќе в раце одошто детето? Последиците можат да бидат сериозни



Ново истражување за мозокот покажува дека големото внимание на родителите посветено на мобилниот телефон, може да влијае на правилниот развој на мозокот на бебето, како и да предизвика емоционални нарушувања кај него подоцна во животот.

Во нова студија објавена во списание за психијатрија научниците покажуваат дека расеаното внимание на родителите понекогаш може да има штетни ефекти врз развојот на детето, особено на нивната способност да изразат задоволство. Студијата е направена на глувци но како што велат авторите, резултатите можат да бидат многу релевантни за многу интеракции меѓу родителите и бебињата во нашиот свет опседнат со технологија.

Бебињата треба да имаат конзистентно внимание од ротителите со цел соодветно да се формираат емоционалните процеси. Ако мајката е расеана односно вниманието и го одвлекува телефонски повик или сигнал за порака, тоа може на долг рок да предизвика лош развој на системот за задоволство како и во подоцнежниот живот да придонесе за развој на растројства на расположението кај детето како што се појава на анксиозност и депресија.

Во последниве години, зависни сме од нашите мобилни телефони. Тие се совршени алатки за избегнување, од што нашите деца го извлекуваат подебелиот крај. Родителите треба да ја променат навиката, телефонскиот пред да биде приоритет пред детето, пред да биде предоцна. Треба да се надоместат сите пропуштени шанси за комуникација со детето.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот