X
 17.04.2021 Технологија

Првиот производ на „Невралинк“ ќе овозможи контрола на телефонот со мозочен имплант

Илон Маск, еден од основачите на компанијата „Невралинк“, изјавил дека првиот производ на компанијата што се фокусира на мозочни чипови ќе биде поврзан со мобилните телефони. Поточно, првиот производ ќе им овозможи на корисниците со парализа да користат телефон со умот наместо со прстите.



Најавата доаѓа откако компанијата сподели видео од мајмун како игра видеоигра преку вграден чип во мозокот.


Маск најави и кои се плановите за иднина, откривајќи дека следните верзии на чиповите на „Невралинк“ ќе им овозможат на лицата со инвалидитет повторно да одат.

Сепак, за ова можеби ќе почекаме бидејќи има разлика помеѓу мрдање на курсорот за видеоигра и одење. Веројатно ќе поминат години пред компанијата да претстави ваков производ.

Маск не ја отфрла и опцијата за користење уред на „Невралинк“ за поправање на видот во иднина. Според него, ова ќе биде можно веројатно со третата верзија од уредите на „Невралинк“. Според претприемачот, самиот уред се поставува како имплант на черепот и се полни безжично, па тој што го носи нема да го забележува.

Не е јасно кога ќе биде достапен првиот уред на компанијата, а уште помалку кога тој ќе биде тестиран на луѓе, бидејќи експериментите на луѓе ќе одземат многу време и ќе бидат потребни регулаторни одобренија.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија