X
 20.01.2016 Образование

Уште една во низата фирми која повеќе не бара диплома за вработување

Издавачката куќа „Penguin random house“ од Велика Британија извести дека повеќе нема да бара универзитетски дипломи од кандидатите за работа.


Фирмата сака да има различни вработени и смета дека не постои конкретна врска меѓу поседувањето диплома и квалитетот во работата, односно дека дипломата не е гаранција за знаењето и вештините. Оваа фирма е само една во низата финансиски компании кои ги отстранија дипломите од барањата за вработување.

Ernst&Young“ беше една од првите компании кои ја воведоа оваа промена.

Нил Морисон од одделот за човечки ресурси во „Penguin random house“ изјавува дека тие веруваат дека „за иднината е битно да се објавуваат најдобрите книги за читателите секаде, па затоа мора да се имаат луѓе со различни позадини и различни перспективи и работна сила која навистина го отсликува денешното општество“.

Младите со диплома се охрабрени да се пријавуваат за работа во издавачката куќа, но тоа не значи дека некој кандидат без диплома има помали шанси за вработување од нив, порачуваат од фирмата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование