X
 02.02.2016 Образование

Работи и патувај во Америка, програма за која не стивнува интересот кај македонските студенти



Работна понуда за Америка добиле 98 проценти од студентите кои вчера аплицирале за работа на саемот Work and Тravel USA, што го организираше агенцијата за посредување при вработување во странство, „Коузон“.

Директорот на „Коузон“, Зоран Кочоски вели дека вчера спонзор агенциите од Америка избрале 90 -тина македонски студенти кои ќе заминат на привремена работа во Америка. Тој вели дека е презадоволен од вчерашниот саем и дека интерсот кај студентите за работа во текот на летото не стивнува. Овие 90 студенти ќе работат во продавници за спортска опрема, ресторани, хотели во близина на Бостон и Њујорк, но и други градови.



- Интерeсот кај македонските студенти не стивнува. На 27-ми февруари ќе имаме уште еден саем на кој очекуваме барем уште 180 студенти да склучат договор со спонзор агенциите. Коузон и оваа година очекува да вработи повеќе од 1000 студенти кои во текот на претстојното лето ќе заминат во Америка. Покрај саемите за вработување во Скопје ( кои се директна форма на вработување преку интервјуа со работодавците ) Коузон органзира и интервјуа преку Скајп. Лани за Америка сме испратиле 850 студенти. Како најголема агенција која регрутира студенти за работа и пракса во цел свет, лани сме овозможиле вкупно на околу 1.500 млади да работат на својот личен развој во странска држава, но и да заработат -вели Кочоски.

Студентите одат во Америка, но и европски земји како Германија или Грција преку програмите Work and Travel или на пракса. Студентите кои сакаат да заминат во странство преку овие програми треба да исполнуваат одредени услови, како на пример да се редовни студенти, да знаат англиски јазик, да имаат избрано работодавец. Програмата за работа обично трае три до четири месеци, почнува во мај, а завршува во септември, за да може студентите да се вратат на обврските на факултетите.



- Има студенти кои се одбиени за работа во Америка, тоа најчесто е поради неизвадена виза. Амбасадата тука има дискреционо право и одлучува зошто некој студент не може да замине да работи во текот на летото - вели Кочоски.

Бенјамин Џафери е студент во четврта година на Меѓународен балкански универзитет во Скопје, а кога бил втора година преку програма на „Коузон“ заминал во Лејк Џорџ, Њујорк. Тој е и танчер и кореограф, уметничка душа, па вели дека покрај работата, уживал и во културните богатства на САД. Еве го неговото искуство.

- Аплицирав подоцна, поточно ден пред последното регуларно интервју, утредента ме интервјуираа преку Скајп, каде што и ја добив работата. Бев пресреќен, се се случи набрзина. После 2-3 недели ми стигна ДС формуларот, па меѓу првите бев во Американската амбасада. Таму исто поминав многу лесно и на сите би им препорачал да се опуштат и насмеат на ова интервју. Со нетрпение чекав да тргне авионот. Кога стигнав во Њујорк цела вечер се шетав,сакав да ги видам улиците, градбите, облакодерите, луѓето, продавниците..Потоа тргнавме најак Лејк Џорџ, се одморивме еден ден, утредента почнав со работа во компанијата Lake George Steamboat Company, која имаше 3 бродови со кои организираше пловења низ езеро.Програмата траеше 4 месеци, толку работев и јас. Беше доста забавно, се е организирано, родителите нема зошто да се грижат. Треба добро да се организира патувањето од од аеродром, до местото на работа, меѓутоа, студентите имаат инструкции дадени од нивниот работодавец, тие им помагаат- вели Џафери.



Тој на сите студенти им препорачува да се пријават на некоја програма бидејќи искуството е од непроценилва вредност.

- Може многу и да се заработи, но треба да си снаодлив, умешен и пријатно расположен цело време. Важно е совесно да си ја работиш работата, Американците го почитуваат тоа и наградуваат со бакшиш. Секако дека ништо не значи ако не вложите голем труд, така да истото важи и за во Америка. Јас на сите студенти би им препорачал да најдат некоја средина, сепак не е се во парите. Искуството шсто го стекнувате во Америка живеејќи, работејќи и шетајќи, не се споредува со ништо.Заработете доволно, да можете да си дозволите да се прошетате, да уживате и секако да заштедите нешто за дома - вели Џафери.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА НЕЗАБОРАВНО ЛЕТО ВО АМЕРИКА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование