X
 27.02.2016 Технологија

Гораст Цветковски и Димитар Атанасовски на "Code App, Level Up 3"

Невладината организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје организира еднонеделна работилница на тема развој на веб платформи, сè со цел насочување на младите студенти по информатички науки кон оваа перспективна IT гранка. Во насока на поддршка за студентите од техничките факултети, Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ, го поддржа овој настан како домаќин на истиот.


 

На 29-ти февруари во амфитеатарот на ТМФ ќе се одржи официјалното отворање на интернационалната работилница „Code App, Level Up 3“ која ќе ја отвори најхаризматичниот актер Гораст Цветковски.

12 странски и 68 македонски учесници ќе имаат можност да слушаат предавања од искусни предавачи, поделени во две области: програмирање и дизајн.
На 05-ти март ќе се одржи финалето на работилницата на кое тимовите ќе имаат можност да ги презентираат своите крајни продукти. Стручното жири ќе го избере победничкиот тим. За трите најдобри тима ќе следуваат награди.

Ќе ја имаме честа затворањето да го води познатиот водител Димитар Атанасовски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија