X
 05.03.2016 Технологија

Сакате мислење за вашата Codefest идеја? Добијте евалуација пред истекот на рокот за аплицирање!

Доколку имате желба да аплицирате или веќе сте аплицирале за 4тиот Codefest маратон, но би сакале да добиете мислење за вашата идеја, организаторите на Codefest за првпат оваа година нудат можност за евалуација на идеите на апликантите, пред истекот на рокот за аплицирање, кој е отворен до 15ти март.


Ова всушност значи дека сите тимови кои аплицирале или планираат да аплицираат со свои идеи за учество на маратонот, до 10ти март можат да закажат термин за евалуација на нивните идеи со цел да добијат мислење и совети за истите. Ова ќе се спроведува така што сите заинтересирани тимови за овие кратки состаноци, можат да закажат термин за состанок со ментор или некој од организацијата на Codefest со испраќање на емаил со наслов “Our idea needs evaluation” на контакт адресата на Codefest, hello@codefest.eu. Потоа од организацијата ќе добиете термин за краток состанок на кој ќе можете накратко да ја објасните вашата идеја и да добиете мислење и совети за истата.

„Ова се прави со цел учесниците-студенти кои не се сигурни околу својата идеја да добијат релевантни совети и евалуација пред истекот на рокот за аплицирање, со цел да можат да ги подобрат своите идеи и да бидат по-конкурентни при селекцијата на тимовите за оваа година. Овие евалуации важат за тимови кои не аплицирале, но и за оние кои веќе аплицирале, доколку сметаат дека имаат потреба од дополнителни совети“, изјавија од организацијата на настанот.

Оваа година пакетот на Codefest се проширува, па претстојното 4то издание ветува настан кој може да се спроедува со светските технолошки настани. Во делот на Codefest Marathon, измени во поглед на концептот на настанот нема, па така тој останува 32-часовен бесплатен натпревар за тимови од студенти. Сепак, оваа година има многу новитети кои настанот го прават уште повозбудлив. Годинава, Codefest Marathon е официјален член на светската лига на хакатони, Major League Hacking, а со тоа учесниците добиваат интернационални признанија и светска видливост. Исто така, сите избрани тимови годинава ќе работат со ментори од светски калибар, што е неверојатна можност и причина да се учествува.



Поради големиот интерес за настанот претходните години, организаторите оваа година одлучија да ја збогатат програмата. Па така, Codefest 2016 подготвува еднодневна технолошка конференција, Codeference, на која гости-предавачи ќе бидат светски и наши познати експерти во повеќе области, како: технологија, иновации, дигитален маркетинг, стартапи и инвестиции. Меѓу најавените имиња се среќаваат гости од Google, Viber, Adobe, Microsoft, итн.

Компаниите оваа година ќе имаат уште позасилено присуство на Codefest, сега во нов track на настанот специјално предвиден за компании и стартапи, CFX-Business Expo. Она што на претходните Codefest настани беше познато како on-site регрутација, сега компаниите ќе можат да го прават на поелегантен начин, преку свој изложбен простор каде ќе можат да се претстават, а истовремено да сретнат нови деловни партнери, како и да забележат соработници меѓу младите таленти.

Повеќе информации за настанот дознајте ОВДЕ


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија