X
 25.03.2016 Технологија

Прогласени најдобрите инстаграмџии во најпопуларната Инстаграм акција во Македонија #ФотоНаНеделата

оне.Вип во соработка со македонската Инстаграм заедница ги прогласи најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најпопуларниот хаштаг во Македонија на кој веќе повеќе од една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојденвно ги тагираaт своите најдобри фотографии на Инстаграм.



На завршната изложба што се одржа вчера во просторот на кафулето Concept37, беа изложени фотографиите на сите 54 победници, а најдобрите четири ги добија : @dorchek за најдобра фотографија изгласана онлајн, @blazevskimarko за најдобра фотографија избрана од посетителите на настанот, @nikagavrovska за најдобра фотографија избрана од жирито и @anaumceski за најдобра фотографија на годината (вкупна награда како збир од сите три горенаведени начини на гласање).

Проектот #ФотоНаНеделата започна кон средината на февруари минатата година и успеа да привлече повеќе од 3.500 инстаграмџии кои на своите профили досега објавија, над 40.000 фотографии со овој хаштаг, а со тоа го направија #ФотоНаНеделата еден од најпопуларните проекти на социјалните медиуми во Македонија.



Основната идеја на овој проект е промоција на Инстаграм заедницата во Македонија која постојано креира вистинска фото уметност. Досега на блогот на ЏаБест направени се 60тина интервјуа на инстаграмџии чии фотографии заслужено го добија епитетот #ФотоНаНеделата и сите се објавени на www.fotonanedelata.mk.

Овој проект не остана незабележан ниту во регионот, па така на регионалниот маркетинг настан “Weekend Media Festival “ во Ровињ, во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион, #ФотоНаНеделата беше награден со SoMo Borac статуетка како финалист во категоријата SoMustHave за најдобра комуникација на Инстаграм и блог.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија