X
 29.03.2016 Образование

Француската "мала школа" е единствениот модел на образование за деца од 3 до 6 години

Основната задача на француската „мала школа“ е да ја пробуди кај децата желбата да одат на училиште, да учат и да се развиваат. Во текот на овој дел од образованието, се воспоставуваат педагошки и образовни темели на кои се потпираат сите идни учења и знаења.

 

1


Наставниот план и програмата на Малата школа, како и француските училишта воопшто, се под директна контрола на Министерството за образование на Франција, а нејзините наставници имаат прецизни и јасни цели кои импелментираат различни активности во текот на денот.

Учењето и социјализацијата се две клучни цели, бидејќи тоа им овозможува на децата да научат да живеат во заедница уште од рана возраст, а всушност да учат во секое време - преку игра, опсервација, читање приказни, учење песни, учење за различни форми на уметност, користење ИТ алатки од најрана возраст, вежбање физичко образование итн.

 

1


„Во Франција, образованието на детето е нешто за кое се грижи државата“, вели Емануел Легисле, објаснувајќи дека наставата во Малата школа е организирана во пет области на учење (усвојување на знаење): користење јазик и изразување во сите аспекти; дејствување, истражување, сфаќање преку физички и уметнички активности, усвојување алатки за структурирање мисли и истражување на светот.

„Потпирајќи се на преживеаните моменти од секојдневниот живот, ова школо воспоставува патека која на децата им овозможува да го сфатат светот околу нив и да усвојат разбирање и знаење кое ќе се продлабочи и ќе го збогати текот на основното образование“, додава Емануел.

 

2


Ваква француска школа постои и во Сараево и претставува дел од мрежата од 495 образовни институции од 135 земји, со повеќе од 330 илјади ученици. Оваа школа во Сараево започнала да работи во 1998 година, а денес брои 240 ученици. Училиштето се води според мотивот „Две култури - три јазици“, а го посетуваат деца од 26 различни националности и 15 различни мајчини јазици. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование