Американското Катче Скопје во соработка со Американската Амбасада во Скопје,
одбележувајќи го Светскиот ден на Слободата на медиумите ,ќе организираат пренос на
гостувањето на Глен Кеслер во Загреб. Глен Кеслер е истражувачки новинар, бизнисмен и
познат по својата колумна за проверка на факти во Вашингтон Пост.
Глен Кеслер ќе зборува пред публика од целиот свет на теми како новинарски интегритет,
одржливост на медиумите како и градење медиумски кредибилитет. . Кеслер има искуство со
надворешната политика и ќе сподели свои новинарски искуства во неговата борба за
проверка на факти како и истакнување на сите оние кои ја искривуваат вистината.
Презентацијата ќе се одржи на 3ти мај 2016 во 13:30 часот во просториите на Американското
Катче Скопје и ќе биде модерирана од Марлин Најс, висок дипломат од Американската
Амбасада во Скопје.
Пријавувањето се врши по пат на електронска пошта со испраќање на име , презиме, контакт
и професија на
ac.programs@yahoo.com со наслов
“World Press Freedom Day” . Бројот на места
е ограничен а предност ќе се даде на новинари, студенти по новинарство и медиумски
професионалци.
Линк до настанот:
https://www.facebook.com/events/510686982451380/