X
 21.05.2016 Образование

Во текот на летниот период ќе се сменат лифтовите во сите студентски домови

dom

 

Заврши реновирањето на Блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Заменик Министерот за образование Спиро Ристовски најави целосно завршување на блокот за следната академска година.


Блокот „А“ е втор блок врз кој се извршува реновирање во студентскиот дом „Гоце Делчев“, а променета е и инсталацијата за електрична енергија, парното, гипс картоните и прозорците. Претходно во фаза беше реновирано крилото „Б“ кое есента ги прими првите студенти. Проектот, кој чини 6 милиони евра, треба целосно да ги реновира и опреми со нов мебел сите 4 крила и мензата, а во него се опфатени и лифтовите.

„Во текот на вчерашниот ден е склучен и договорот со компанија што во летниот период траба да заврши со комплетно реновирање и промена на лифтовите во сите студентски домови, посебно во Скопје“, изјави Ристовски.

Ристовски најави дека во текот на летниот период ќе се сменат лифтовите во сите студентски домови, а во врска со најавената изградба на двата нови студентски домови, тој изјави дека се разгледуваат понудите на компаниите такашто наскоро ќе се избере и компанија која ќе започне со изградба на студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје и студентскиот дом во рамките на универзитетот во Тетово.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ располага со сместувачки капацитет за 1.200 студенти, а Блокот „А“ кој моментално е под реконструкција располага со 314 легла.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование