X
 25.05.2016 Образование

Што Брексит би значело за универзитетите и дали европските студенти ќе можат да студираат во Велика Британија?

брексит

 

Универзитетските лидери и некои конзервативни пратеници со месеци предупредуваат за потенцијалните „штетни“ ефекти за високото образование, ако Велика Британија изгласа за Брексит.


Тие тврдат дека овој потег би можел да значи дека Велика Британија ќе ја изгуби шансата за финансирање на истражувањата доделени од страна на ЕУ. Ова би можело да значи дека академците ќе се борат да соработуваат на истражувачки проекти.

Дали би имало позитивна страна? Да.

Побарувачката за високо образование е толку голема што дури и помалку студенти од ЕУ да дојдат да студираат во Британија, универзитетите нема да имаат финансиски проблеми и ќе можат да го надоместат падот на домашните студенти.

Всушност, оние институции со смалување на бројот на ЕУ студенти можат да надоместат со британски студенти, па дури и да го зголемат нивниот број, оставајќи ги со повеќе пари во банката.

Намалувањето на ЕУ студенти, би значело дека британските студенти ќе имаат поголеми шанси за влегување на универзитет. Универзитетите исто така ќе можат да ги избегнат ЕУ прописите а клиички истражувања, што некои тврдат дека имаат само штетен ефект врз истражувањата и иновациите.

Дали ЕУ студентите ќе можат да студираат во Британија?

Истражувањата сугерираат дека со излегувањето од ЕУ би можело да се намали бројот на студенти од ЕУ бидејќи тие ќе се сметаат за странски студенти, што би значело дека нивните трошоци би биле зголемени.

„Постои силно чувство дека ќе биде проблематично ако ја напуштиме ЕУ и ќе бидеме послаб сектор како резултат на тоа“, изјави Алистаир Јарвис од Универзитетите во Велика Британија.

Во 2012-2013 година 5.5% од студентите кои студирале во Велика Британија биле од европските земји, со што генерирале 2.27 милијарди фунти за британската економија и генерирале 19.000 работни места во локалните заедници, во согласност со британските универзитети.

Какво влијание би имал Брексит врз британските студенти?


Академците предупредуваат дека Британија ќе биде во „изолирана“ позиција со што домашните студенти ќе бидат помалку изложени на други култури.

„За британските студенти, учењето и живеењето со студенти од различни култури е од неверојатна корист“.

Што со Еразмус?

Академците предупредуваат и дека Брексит ќе го ограничи движењето на студентите од Велика Британија. Над 200.000 британски студенти имаат корист од програмата за размена Еразмус, која обезбедува средства за додипломците да патуваат во земјите на ЕУ и да учат на тамошните универзитети.

Според Најџел Карингтон, проректор на Универзитетот за уметност во Лондон, напуштањето на ЕУ ќе го отежни ова патување.

„Имавме пораст од 50% во бројот на нашите студенти кои одат во странство да студираат во рамките на програмата Еразмус во текот на последните три години“, изјави тој.

„Очигледно ова можеа да го направат со финансирањето достапно преку Еразмус програмата на ЕУ. Без Еразмус би имале големи проблеми затоа што ќе биде потешко да им овозможиме на нашите студенти да студираат во странство.

Дали би имало влијание врз истражувањето?

Промената во договорите за виза во други европски земји може да ги одврати академците од висок калибар да се приклучат на британските универзитети, предупредува канцеларот од Универзитетот од Оксфорд.

Поранешниот британски комесар Крис Пате изјави: „Типично за Оксфорд и другите универзитети, е тоа што шестмина од нашиот академски кадар доаѓа од другите европски земји, такашто ако нив им е потребна виза за да дојдат тука, тоа е пречка. Околу седмина од нашите студенти доаѓаат од други европски земји. Стравувам дека ако ја напуштиме ЕУ, ќе видиме како голем дел од нашите академци се насочуваат кон западот, односно Америка“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование