Александра Ристеска е дипломиран економист кој започна да ја гради својата кариера во
ПроКредит Банка во 2014 год како дел од Procredit Entry programme . Имаше можност да
биде меѓу првите кандидати, кои успешно ја завршија првата интернационална обука на
ПроКредит Банка, организирана надвор од границите на Македонија. Околи 20 кандидати
од шест различни држави ( Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Макеоднија, Романија
и Србија), беа дел од ова меѓународно искуство. По завршувањето на шест месечната
обука која се одвиваше во Софија, Бугарија Александра Ристеска ја започна својата
работна кариера во ПроКредит банка Македонија и во моментов е дел од нашиот
Маркетинг тим.
Интернационалните програми за регрутација на млади и амбициозни индивидуи
прераснаа во традиција за банката, која сега се практикува за сите нови кандидати.
Обуката се спроведува на англиски јазик и претставува размената на искуствата, знаења и
практики, пред се поради комбинацијата на кадри кои потекнуваат од различни
економски средини, култури, традиции и образовни програми.
Факултети.мк: 3ошто се одлучи да аплицираш на програмата за млади банкари на ПроКредит банка и што е она што најмногу ти остави впечаток?
Александра: Аплицирав бидејќи сакав сама да се изборам за мојот успех и не очекував
понуда за интернационална обука. Среќна сум што го прифатив предизвикот и денес сум
дел од тимот на ПроКредит Банка. Искуството стекнато на програмата за млади банкари
ги подобри моите способности и знаења за банкарството и ми создаде простор подетално
да ја запознаам институцијата во која ќе работам.
Колегите од ПроКредит институциите во Европа – координатори на обуката
го ценеа нашиот труд и способноста за брзо учење и адаптирање во нова средина.
Комуникациските вештини, способноста за брзо размислување и формулирање цврсто
аргументирани одговори драстично растеа од седмица во седмица во периодот на
обуката. Тимската работа беше високо рангирана, а можноста да се соработува со
кандидати од различни региони во Европа ги надоградија моите перцепции за економија,
политички системи, култура и начин на однесување. Преку тимски активности за
викендите научивме многу културни обичаи во земјите од каде што доаѓаа другите
кандидати, пробавме голем број на традиционални јадења и го подобривме нивото на
англиски јазик. “
Факултети.мк: Што би им препорачала на младите во Македонија?
Александра: Прифаќајте ги предизвиците кои ви носат искуство и дополнително знаење.
ПроКредит е одлична опција за сите кои се гледаат себе во динамично окружување, кое
ги почитува нивните мислења и ставови и ги инкорпорира во своите интерни практики.
Доколку сакате и вие да станете дел од тимот на ПроКредит банка аплицирајте на ОВОЈ ЛИНК