X
 23.06.2016 Образование

Студентите Стефан Василевски и Давор Поповски во трката за нов студентски лидер, Спировски тврди дека изборите се легитимни

Стефан Василевски - студент на Медицинскиот Факултет, поддржан од 6 матични Студентски Парламенти на УКИМ и  Давор Поповски - студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, поддржан од 7 матични Студентски Парламенти  на УКИМ, се двајцата кандидати за нов студентски лидер.  Досегашниот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски ни изјави дека кандидатите се избрани согласно спроведениот јавен повик и дека изборната кампања е започната на 20 јуни.



- Кампањата ќе трае до 28.06.2016, a на 29.06.2016 ќе биде Изборниот молк. Изборите за нов Претседател на Студентски Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.  ќе се оддржат на 30.06.2016, а гласањето ќе трае непречено од 09:00 до 16:00 часот на 23 факултети на УКИМ-вели Спировски.

Но, студентските избори и нивниот легитимет ги оспорува Студентскиот пленум кој смета дека членовите на СПУКМ  се со истечен мандар веќе две години, но и дека се прекршени членови на Статутот на СПУКМ.. Пленумот реагира и на периодот кога се органиизраат изборите. Тие сметаат дека факултетите се полупразни поради испитната сесија и летниот период кога голем број на студенти не се во Скопје. Побараа од Спировски да ја поништи постапката, но тој за Факултети мк. го повтори својот став дека изборите се согласно Правилникот и дека нема ништо спорно.

-  Ги отфралам нивните обвинувања како неосновани. Тврдам дека се е во согласност со актите на организацијата – ни изјави Спировски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование