X
 07.09.2016 Технологија

Психолозите истражуваат: андроид корисниците и сопствениците на ајфон имаат различни лични особености

Често брзо им судиме на другите врз основа на облека, тетоважи, според типот на автомобил или спорт кој се практикува. На оваа листа сега може да се додаде уште една категорија: студија на британски психолози покажува дека изборот на паметен телефон е тесно поврзан со личните особености.

паметни телефони


Факултетот за психологија на Универзитетот Линколн ги истражувал разликите меѓу особеностите на корисниците на андроид и корисниците на ајфон. Во истражувањето првин се испрашувале 240 учесници што забележале карактеристично кај корисници на двата вида паметен телефон одделно. Во вториот дел од студијата се спровеле тестови на личноста кај 530 учесници, воедно корисници на андроид или ајфон, а со што би се утврдило дали перцепцијата е во согласност со реалноста. Еден од истражувачите, Хитер Шо, потенцирал:

„Изборот на паметен телефон е основно ниво на перонализацијата на личниот уред, и тоа дури може да ни каже многу за личноста на корисникот.“

Според првото истражување, корисниците на Ајфон биле окарактеризирани како екстровертни, а корисниците на Андроид како искрени, скромни, отворени и смирени. Но, втората студија ги побила овие произволни тврдења на испитаниците.

Што е основната разлика меѓу двата типа на корисници?

Корисниците на Андроид се со тенденција да изразуваат лични карактеристики што не ја потенцираат сличноста со другите, попрво да ја одбегнат. Корисниците на Ајфон претендираат да го стават акцентот на тоа дека се сопственици паметни телефони со „висок статус“. Некои од произволните претпоставки од првото истражување се поклопиле: искреноста и скромноста биле повеќе забележани кај андроид корисниците.

Во истражувањето не било дирекно поставено прашањето зошто го одбрале токму тој паметен телефон. Сепак, ова е мало британско исражување што можеби и не е применливо во цел свет. На пример, на неодамнешно истражување на социјалната мрежа Твитер  во 5 азиски држави се  дошло до сознание дека се преферира користење на андроид телефон. Во Британското истражување биле опфатени двата типа на корисници на паметни телефони еднакво.

„Замислете до какви сознанија за личноста би дошле ако истражуваме понатаму какви апликации се користат,“ изјавил Шо.

Каков е вашиот паметен телефон?

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија