X
 19.06.2022 Живот

Реченица од Пауло Коелјо може да ви помогне да ги решите проблемите

Многу луѓе поминуваат низ период во кој без особена причина или оправдано се чувствуваат изгубени, незадоволни, па дури и заглавени во сопствениот живот, над кој немаат контрола. Кариерата стагнира, врската станува здодевна, а лошите меѓучовечки односи не се поправаат.

Никој во таа ситуација не треба да се обвинува себеси, ниту да троши време жалејќи се за сопствената судбина. Преземањето крупни чекори може да биде тешко, особено ако имате проблеми на повеќе животни полиња.

Пауло Коелјо е еден од оние писатели чии книги се читаат во еден здив и се полни со корисни совети и мудрости. Една од најпознатите реченици напишани од авторот вреди да се прочита доколку чувствувате дека ништо не ви оди од рака во животот. Таа гласи:

- Ако развиете една работа, тогаш се менува сè во околината.

Треба да се разбере дека мозокот не може да прави повеќе работи истовремено и затоа треба да се откажете од обидот истовремено да напредувате на работа, да бидете физички поактивни и да полагате испити. Фокусирајте се на една работа во која гледате шанса за реален напредок.

Можно е незадоволството од другите сегменти во животот да биде поттикнато од незадоволството од еден голем проблем. Со решавање на овој проблем ќе се чувствувате послободни, ќе ви се подобри расположението, а со тоа и погледот на другите животни околности.

Кога ќе решите еден проблем, се ослободувате и од еден извор на стрес. Освен тоа, ќе бидете мотивирани да напредувате и на другите полиња.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот