X
 09.10.2016 Живот

Зошто Русите не се смеат?

Иако Владимир Путин е роден на истиот дена кога се прославува Светскиот ден на насмевката, навистина е реткост да го видите овој човек насмеан.

 

 

 


Луѓето од Русија и од земји како Иран и Франција не се смеат исто толку како и другите – и постојат неколку клучни причини за тоа.


Куба Крис, психолог од Полската академија на науки, објавил
студија за “избегнување на несигурноста“.

Лошото објаснување за овој термин е претпоставката дека луѓето кои доаѓаат од некои одредени општества чувствуваат анксиозност кога настапува некоја несигурна ситуација.

Оваа карактеристика особено е застапена во општества кои се политички потиснати, каде што образованието е почитувано само во научни области каде што се наметнати строги норми. Исто така и корупцијата е распространета и државните служби се нестабилни.
Така, во извештајот стои дека смеењето во земји како овие е НЕ толку добредојдено.

За да се потврди оваа теорија извршени биле тестирања во чии рамки биле вклучени илјадници луѓе во 44 земји. Од нив било побарано да гледаат во осум насмевнати и осум ненасмевнати лица, а потоа да коментираат.

Резултатите покажале дека во некои земји како Русија, Јапонија и Иран луѓето ве сметаат за помалку интелигентни ако се смеете.

Истражувачот констатирал дека корупцијата на општествено ниво може да го ослабне значењето на еволутивната важна активност – насмевката.

Се работи за доста интересна теорија, но студијата исто така забележува дека и полот и културата играат значајна улога во тоа колку често луѓето се смеат. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот