X
 13.10.2016 Образование

Четири прашања за кои треба да размислите кога избирате програма за докторски студии

Врз основа на што треба кандидатите за докторски студии да го направат изборот за програма?

докторски студии


Иако има многу фактори што играат улога кога се разгледуваат опции, има 4 критични прашања на кои треба да си одговорите:

1. Дали се согласувате да живеете онаму каде што е лоциран универзитетот? Освен со програмата, мора да се согласите и со местото на живеење. Точно е дека е важен и универзитетот и програмата, како и други бенефити, но освен тоа во истиот период Вие треба да имате и личен живот.

2. Дали образовната институција нуди бесплатно школување и стипендија за сите години што треба да сте таму? Осигурајте се дека училиштето ќе ви дава разумна стипендија без разлика дали ќе биде тоа за истражувачки асистент или предавач. Надоместот можно е да биде многу голем, но ќе си ги покривате трошоците. Училиштето можеби нема да може да Ви вети стипендија за повеќе години или ова можеби ќе треба да го договарате од година во година. Проверете ги сите опции и услови.

3. За која конкретна област за истражување сте заинтересирани? Ова е над изборот на програма. Станува збор за тоа за која тема конкретно ќе истражувате долго време. На пример, ако аплицирате за клиничка психологија, дали ќе истражувате депресија или други нарушувања. Секако, можеби во текот на истражувањето ќе го сметите фокусот, но мора да имате конкретна тема кога аплицирате за докторски студии. Без тоа се отвора прашањето дали воопшто би биле прифатени ако немате вистинска насока.

4. Со кого планирате да работите за време на студиите? Би требало да размислувате кој сакате да Ви биде ментор ако сте прифатени. Ако ја немате оваа насока ризикувате да бидете тргнати од листата на селектирани кандидати. Поверојатно е да се прифати кандидат што има вистински интерес во истражувањето, отколку студент што изгледа добро на хартија, но нема јасно поставени насоки. Затоа, истражете претходно кои се опциите за наоѓање на ментор.

Важно е да знаете дека да се конкурира за програма за докторски студии бара многу работа пред да сте подготвени навистина да аплицирате. Овие прашање ќе ви помогнат да разјасните некои дилеми и да дојдете до други сознанија поврзани со Вашиот предизвик.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование