Професионалниот играч на „Dotа 2“ успеал да стигне на познатата листа на 30 највлијателни тинејџери на светот во магазинот „Time“, а со тоа се најде во друштво на други спортисти и познати личности од мејнстрим културата.
Големите мејнстрим медиуми го препознале влијанието на 17-годишниот Сумаил Хасан во новата генерација и го сместија на листата, каде се наоѓаат младите таленти, претприемачи, научници, спортисти, но и „интернет ѕвезди“.
Најмладиот играч на американскиот тим за „Dota2“, Евил Гениусес со своите 16 години освоил милион долари и шампионска титула на најважниот Меѓународниот турнир на „Dota2“ . Мајкл Џордан-Dote, како што го нарекува „Time“ е најмладиот играч во историјата кој ја освоил шампионска титула на овој престижен турнир.
Сумаил е на четвртото место на листата играчи на „Dota2“ со највисоки приходи од турнирот. На листата на „Time“ за највлијателни тинејџери интересно е што покрај Сумаил се наоѓаат и ќерките на американскиот претседателот, Саша и Малиа Обама, Џаден, синот на Вил Смит, ЛГБТ активистот Гевин Грим, добитничката на Нобеловата награда Малала Јусафзаи и најмладиот член на кланот Кардашијан, Кајли Џенер.
Тука се и Gayten Mataraca, ѕвездата на ТВ серијата „Stranger Things“, четирикратниот шампион на злато на Олимписките игри во Рио, Симона Бајлс и пливачката Кети Ледеки.