X
 25.10.2016 Технологија

Градоначалникот на Осло со инспиративен говор на Неделата на иновации во Осло

„Големите идеи се раѓаат од знаење и почитување на различностите. Замислете како би изгледал светот кога сé би чувале во нашите глави.“

Рејмонд Јохансен е градоначалник на главниот град Осло. На овогодинешната Недела на иновации тој одржа говор што остана забележан од јавноста и медиумите токму поради фактот што поттикнува да се размислува за светот во кој живееме.

градоначалник на Осло


Воедно, со него потврдува зошто Осло како норвешки град е меѓу најразвиените во светот:

„Ваше Величество, министре за трговија и транспорт во Владата, драги претприемачи, иноватори...

Ви посакувам срдечно добредојде во Осло. Ние моментално сме град кој се развива најбрзо во Европа и кој секоја година прима 10.000 нови жители. Осло е компактен град со млада и технолошки образована популација и ги има сите предуслови за иновативна животна средина.
Главна тема на овогодинешната Недела на иновации во Осло се моќните парови. Иднината лежи во Вашите глави, но и во туѓите исто така. Радикалните иновации се случуваат кога се спојуваат знаења што никогаш претходно не можеле да се соединат. Иднината лежи во воспоставувањето мостови меѓу постоечките и новите, меѓународните и интердисциплинарните... Сите тие се соединуваат за да се работи заедно на справувањето со предизвиците што се пред нас. Нема противници, тоа се синергии што ја придвижуваат иднината.

Осло е партнер на „моќните парови“. Ние обезбедуваме јавни услуги за повеќе од 660.000 жители во образованието, здравството, социјални услуги, услуги за децата, студентите и за старите лица. Веруваме дека градот треба да биде на чело на овие нешта. Токму затоа нашите деца во училиште учат програмирање. Затоа повеќе од 100.000 статични машини за продавање карти за јавен превоз ги заменивме со преку 600.000 мобилни уреди што секој може да ги смести во џебот. Затоа мораме да ја користиме технологијата и во медицината при што ќе помогнеме старите лица како наши сограѓани да живеат на сигурно во своите домови, наместо на бидат сместени во домови за стари лица.

Замислете ја Вашата баба како седи на кујнскиот стол, чекајќи да дојде помош од нашиот центар за нега. Таа замислува: кога ќе дојде, кој ќе дојде денес и дали би било можно тој што доаѓа да ѝ го донесе весникот од поштенското сандаче. Ако би имала таблет преку кој би се споила со социјалниот работник, таа би можела да види кој доаѓа со фотографија и име. Би знаела кога ќе дојде и би била во можност да му прати порака за да го земе весникот. Нејзиниот живот би бил едноставен, а таков живот, на крај на краиштата, би бил и многу побезбеден. Ние за сега го немаме ова решение. Но, можеби токму некој од Вас ќе го направи.

Иновациите се глобална тема. Тие ги повикуваат луѓето да учествуваат. За разлика од другите градови, ние во Осло имаме многу мала хиерархија. Ние се навикнавме да делуваме интердисциплинарно и затоа сакаме „моќните парови“ да бидат на дневен ред. Големите идеи се раѓаат од знаење и почитување на различностите. Замислете како би изгледал светот кога сé би чувале во нашите глави.

Добредојдовте на Неделата на иновациите во Осло 2016.“

Градоначалниот на Осло со овој говор очигледно е дека потенцира како промените го градат и развиваат општеството. Но, од суштинска важност е тие да бидат во чекор со времето во кое настануваат, дури и кога се применуваат врз едноставни проблеми од секојдневниот живот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија