X
 25.12.2016 Живот

Божиќното утро во Аугсбург, Германија наместо во прослава помина во евакуација на жителите

Пронајдената бомба од Втората Светска Војна во Германија принуди евакуација на 54.000 луѓе.

Повеќе од 54.000 луѓе во јужниот германски град Аугсбург морале да ги напуштат своите домови додека властите се обиделе да ја деактивираат гигантската 1,8 тонската воздушна бомба од Втората Светска војна.


Аугсбург

Власите привремено ги затвориле градската средновековна катедрала и градското собрание во околната област. Од полицијата во саботата изјавиле дека на никој нема да му биде дозволено да се движи во околните улици од околу 8 часот изутрината.

Полицијата изјавила дека е невозможно да се каже точно колку време би било потребно за да се врати безбедноста. Биле отворени и училишта за сите оние кои не можеле да пронајдат место за престој. Од полицијата соопштиле дека на луѓето можеле да ги донесат своите миленици во засолништата, додека јавниот превоз бил бесплатен за сите.

Наоѓање на бомби од војната не е невообичаено во Германија. Оваа евакуација е дури и поголема од 45.000 луѓе кои биле евакуирани привремено за да се отстрани бомба во Кобленц во 2011 година.

Големи делови од Аугсбург биле уништени на 25-26-ти февруари 1944 година, кога градот бил нападнат од страна на стотици британски и американски бомбардери.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот