X
 21.01.2017 Образование

Турските медиуми за најновата одлука на Турција: Македонските дипломи пред 11 февруари се признаваат

Tурција го поништи договорот за признавање на универзитетските дипломи со Македонија. Ова се дел од насловите кои денеска осамнаа и во турските медиуми. Тие пишуваат дека Советот на министрите на Република Турција, ја поништил одредбата за валидност на дипломите меѓу Турција и Македонија.



„Договорот потпишан на 6 јули 1998 година во Скопје, меѓуРепублика Турција и Република Македонија со број 98/11600, кој стапи на сила на 12 јули 1998 година во врска со признавање на дипломите за средно, високо образование, магистерски и докторски студии, од 11 февруари, 2017, се укинува. Оваа одлука е донесена на состанокот на Советот на министрите на 12 декември 2016 година“ – гласи одлуката на Турција

Турските медиуми информираат дека според донесената одлука дипломите добиени помеѓу овие две земји, веќе не се признаени.
„Сите дипломи земени во периодот пред 11 февруари 2017 се признаени, додека оние кои ќе бидат земени во следниот период нема да имаат никаква официјална валидност на територијата на Република Турција. Македонските универзитети чии дипломи повеќе нема да важат се: Европскиот Универзитет, Универзитетот Гоце Делчев, УКИМ, Американскиот Универзитет, Југо-Источниот Европски Универзитет, Битолскиот Универзитет, Тетовскиот Универзитет, ФОН Универзитетот“, информира Dunyabulteni.net.

Македонските студенти кои студираат во Турција, како и турските студенти кои учат на македонските универзитети се затечени од новата ситуација и се загрижени како ќе го продолжат образованието и какви последици ќе има оваа одлука за нив. Од нашето Министерство за надворешни работи изјавија дека дипломите сега меѓусебно ќе бидат признаени со Лисабонската конвенција на Советот на Европа и на УНЕСКО. Оваа конвенција е усвоена во Лисабон на 11 април, 1997 и е ратификувана од поголем број на европски држави меѓу кои се и Македонија и Турција. Инаку, според Лисабонската конвенција, дипломите и периодите на студирање мора да бидат признаени, освен ако институцијата задолжена за признавање не докаже дека има суштествени разлики.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование