X
 26.01.2017 Живот

Не ги избегнувајте зимските уживања! Есенцијални парчиња облека за скијање и бордање

Секој кој некогаш спортувал секојдневно тежнее кон повторно спортување. Дали како хоби или професионален ангажман, спортот е клучен сегмент од сечиј ден. Сепак, ниските температури и непогодното време секогаш го оневозможуваат спортувањето. Во зима тежнеењето кон спортот може да е најголемо. Секоја зима неизбежен е разговорот со пријателите дека недостига играњето фудбал, кошарка, трчањето, возењето велосипед и слично. Покрај ограничувањето на овие можности зимата, заедно со снегот, ги носат едни од највозбудливите спортови како скијањето и бордањето. Тие што ги имаат пробано се најмногу запознаени со зависноста на возбудата на овие спортови.



Скијањето и бордањето се спортови кои имаат грациозност исполнета со адреналин, натпревар и уживање. Кога некој прв пат ќе се спушти по патеката се чувствува како првото санкање како дете. Овие спортови имаат поголем интензитет од сите спортови кои се негуваат во текот на сите периоди во годината. Затоа најголемиот број на луѓе кои биле тестирани од снежните патеки секоја година се враќаат на возбудата која овие спортови ја носат.

За тие кои долго време мечтаат или кои само еднаш ја вкусиле возбудата на зимските спортови потребно е да знаат неколку работи во однос на зимската облека. Познавачите на добри парчиња зимска облека најчесто кажуваат „Не постои лошо време, само лоша опрема“ и затоа најважна е квалитетната облека. Најосновен е изборот на соодветна јакна која ќе штити од временските неприлики и ниските температури кои ги носи зимата. Модерните јакни се креирани од посебни ткаенини кои се деликатно дизајнирани за зимското време. Најдобрите јакни остануваат суви, многу се лесни, штитат од ветер, дожд и снег додека во исто време го оставаат телото да дише без многу препотување за да не дојде до дехидрација. Сите јакни за скијање и бордање имаат заедничка карактеристика, надворешниот материјал е тврд и крут и е првата заштита од лошото време. Најдобрите имаат уште неколку слоја ткаенина која штити и од прегревање и од преладување на телото. Тие го штитат телото од надворешни влијание и воедно овозможуваат негово ефикасно функционирање без ограничување.



Други парчиња облека кои се слични во однос на изработка, заштита и дизајн се ракавиците и панталоните за зимски спортови. Тие во принцип се изработуваат на ист начин како јакните. Од надвор имаат крута и цврста ткаенина која штити од снег, дожд и ветер додека од внатре имаат ткаенина која му дозволува движење и дишење на телото. Сепак, оваа облека најчесто е запоставена. Кога некој ќе купи добра јакна и одлучи да скија или борда најчесто мисли дека ќе помине со добри тренерки или дебели ракавици. Оваа е една од најголемите грешки кои се прават затоа што екстремитетите се најголемите виновници за губење на телесна топлина. Од исклучително значење е да се одберат добри панталони и ракавици чија заштита е посебно направена за зимските спортови.



За повеќе информации во однос на едни од најквалитетните парчиња облека кои се нудат во Македонија за зимски спортови може да се посети официјалната веб страна на Sport Vision. Тие во овој период нудат богата опрема по намалена цена за сите љубители на зимски спортови: http://www.sportvision.mk/

Може да се посети и нивната Фејсбук страна: https://www.facebook.com/SportVisionMacedonia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот