X
 28.04.2024 Живот

За средното училиште „Лазар Танев“, дизајнерката Мирјана Јосифоска, барањата на студентите од новата влада... Што пишувавме неделава?

Во 4 кујни во средното училиште „Лазар Танев“ учениците спремаат кетеринг и за над 1.000 гости: „Формиравме компанија и работиме по светски стандарди“

Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците. „Лазар Танев“ заработува од кетерингот, а средствата доаѓаат на официјалната жиро-сметка на училиштето и се користат за наставата, за активности на учениците и училиштето, споделува Христовски

Мирјана Јосифоска, дизајнерка која од текстилен отпад прави шапки: „Инспирација ми се влијателни жени од историјата“


Според Државниот завод за статистика, во земјава се создаваат околу 9.000 тони текстилен отпад, а младата дизајнерка Мирјана Јосифоска од Тетово успеала својата бизнис-идеја да ја развие токму со помош на остатоците од производството на текстил, со што директно придонесува за заштита на животната средина

Дигитализација, повеќе студентски поволности, мерки за вработување по дипломирање - Кои се барањата на студентите од идната влада?

Потребна ни е онлајн библиотека со цел пристап на секој студент до задолжителната литература. Јавните исправи, како уверение за положени испити, потврда за редовен студент и слично, да се издаваат во дигитална форма. Транспорт, поштенски услуги, интернет и комуникации, угостителство, утврдување максимални цени по кои може да се издава сместување за студенти, посочуваат од Здружението на студенти по медицина




Издвојуваме

Живот