X
 20.02.2017 Живот

Авторитарните режими во светот - На кое место се наоѓа Македонија?

Од 167 земји, Македонија се најде на 95-то место со 5.23 поени од вкупно 10.

rezim

Во јануари, Америка доби лоша оценка од страна на „Intelligence Unit“, а нејзината демократија доби критики дека има многу недостатоци.

На врвот на листата на единицата се најде Норвешка како земја со највисока демократија, а на дното се најде Северна Кореја како најавторитарна држава.

Единицата на секоја земја ѝ даде оценка од 1-10, врз основа на изборните процеси и плурализмот, функционирањето на владата, политичкото учество, политичката култура и граѓанските слободи, а резултатите ги смести во четири категории:

Целосна демократија
Недостатоци на демократијата
Хибриди
Авторитарна

„Демократии со недостатоци“ имаат оние кои ги почитуваат основните граѓански слободи, и одржуваат слободни и фер избори, но имаат значителни слабости во други аспекти.

Овие слабости вклучуваат прекршување на медиумската слобода, ниско учество или проблеми во владеењето.

Хибриден режимите се оние држави на чии избори имало значителни нерегуларности како што е притисок од државата врз опозициските партии.

Тука плурализмот постои, но често е малтретирањето на новинарите, а судството не е независно.

Ова се државите кои имаат највисоки поени и чие општество е назначено како „целосна демократија“:

1. Норвешка
2. Исланд
3. Шведска
4. Нов Зеланд
5. Данска
6. Канада
7. Ирска
8. Швајцарија
9. Финска
10. Австралија

Најавторитарни држави:

1. Северна Кореја
2. Сирија
3. Чад
4. Централна Африканска Република
5. Екваторска Гвинјеа
6. Туркменистан
7. Таџикистан
8. Саудиска Арабија
9. Демократска Република Конго
10. Узбекистан


Околу 32.7% од населението и државите во светот живеат под авторитарен режим. 44.8% од населението на 167 земји опфатени во истражувањето живеат во демократија со недостатоци.

Од 167 земји, Македонија се најде на 95-то место со 5.23 поени од вкупно 10. Таа освои 6.92/10 за изборните процеси и плурализмот, 3.21/10 за функционирање на владата, 6.11/10 за политичко учество, 3.75/10 за политичка култура и 6.18/10 за граѓански слободи. Единицата ја нарече хибриден режим - владеење  во кое постои плурализам, меѓутоа честа појава е малтретирањето на новинарите, и мешањето на владата во судството. Исто така, овој режим забележува значителни нерегуларности како што е притисок од државата врз опозициските партии.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот