X
 03.03.2019 Живот

Најубавите стари градби низ Македонија

Македонија е земја за која е докажано дека чувала живот уште пред повеќе од 7 000 години. Во тој огромен временски период таа се менувала многу за да дојде до овој модерен изглед кој го има сега. Нормално е повеќето градби да бидат уништени, но има многу објекти кои се зачувани, или барем нивните остатоци. Сите тие објекти и археолошки наоѓалишта ја покажуваат прекрасната историја на земјата. Невозможно е да се набројат сите, затоа следува мал избор од неколку и приказните позади нив.

 

stari-gradbi Тетовското кале или Тврдината Балтепе, се наоѓа над градот Тетово. Најстарите остатоци од тврдината се големите блокови од бигор кои потекнуваат од IV-III пред нашата ера. Се претпоставува дека била обновена во средниот век и подоцна во турскиот период во 1820 година од страна на Абдурахман Паша. Местото има прекрасен поглед на целиот Полог.

 

stari-gradbi Баргала е антички град кој се наоѓа во Штипско. Се развил од римски воен логор наречен каструм, и бил изграден како тврдина. Подоцна Баргала станала цивилен град, а во петтиот век, во периодот кога владеел Јустинијан I (527-565), Баргала го достигнал својот врв. На крајот на шестти век бил нападнат од варваи и речиси бил напуштен. Потоа продолжил како неурбанизирана населба, а со време исчезнал целосно.

 

stari-gradbi Елен Скок или Елен Мост е мост направен од камен на Гарската Река во западна Македонија. Мостот е изграден кон средината на XVIII век од делкан камен со само еден лак. Архитектот е истиот оној кој го направил Стариот мост на Неретва во Мостар, Мимар Хајрудин. Има повеќе легенди за правењето на овој мост, но најпознатата е онаа која раскажува за бегот кој со својата војска се обидувал да улови еден елен којшто постојано им бегал. Иако бил ранет, еленот не им се предавал во ниеден момент. Кога се нашол на брегот на Гарска Река, скокнал на другиот крај на реката и таму починал бидејќи не успеал да скокне на другата страна. Во негова чест бегот наредил да се направи мостот кој ќе биде симбол за храброста на еленот.

 

stari-gradbi Хераклеја Линкестис е древен град којшто се наоѓа во подножјето на планината Баба. Градот бил основан во предримскиот период, веројатно од страна на македонскиот крал Филип II или Филип V. Често го нападнувале а во еден период бил и економско-политички центар. При крајот на седмиот век замира и веќе не никогаш не бил подигнат.

 

stari-gradbi Шарената Џамија во Тетово е изградена во XV век. Таа е популарна поради нејзиниот изглед, поточно поради илустрациите на надворешниот и внатрешниот дел. Амамот е целосно зачуван и денес се користи како уметничка галерија.

 

stari-gradbi Скопскиот аквадукт или водовод се наоѓа во близина на Скопје, кај Визбегово. Точниот датум на неговата изградба е непознат. Се смета дека потекнува од времето на Римската Империја или Византија и бил направен во времето на Јустинијан I, бидејќи е нарекуван Јустинијанов аквадукт. Аквадукот се користел за спроведување вода од изворот Лавовец на Скопска Црна Гора до повеќе објекти, како "топџиската касарна", Мустафа-пашината џамија, Куршумли -ан и Сија-беговата џамија. Водоводот бил поправен за последен пат во 1963, веднаш по земјотресот.

 

Текст: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот