X
 26.02.2017 Наука

Потрагата по нова егзопланета може да биде во рацете на играчите на „Eve Online“

Не само што НАСА објави дека регистрирала седум егзопланети кои се слични на Земјата, туку и креаторите на популарната игра „EVE Online“ објавиле дека ќе бараат од играчите да ги идентификуваат егзопланетите додека ја истражуваат виртуелната реалност.


Ова е второ издание на играта познато како “Project Discovery“. Илјадници корисници ќе можат да ја играат играта во која ќе им бидат прикажани вистински слики од астрономска датотека и ќе се бара да ги класифицираат врз основа на критериуми кои уште не се објавени. Ако има консензус околу индивидуалните класификации, тогаш информациите ќе бидат испратени до научниците и тие ќе одлучат дали се бара нова егзопланета или можеби само некоја чудна аномалија.

Повеќе детали за тоа како ќе функционира целокупниот проект ќе бидат објавени на пролет.  Повеќе детали од видеото:

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука