X
 23.02.2018 Живот

Што научив од читањето на 2.000 некролози

Делот за некролози во „Њујорк тајмс“ има свој профил на „Твитер“ и повеќе од 18.000 следбеници. Некои сметаат дека тоа е морбидно, а некои на тие страници гледаат како на симбол за славење на човештвото и животот.

фото извор: Dola Sun

Извршниот директор на компанијата „Анметрик“, Лукс Нарајан, се запрашал дали од некролозите може да се извлечат лекции за животите на другите луѓе. Собрал 2.000 некролози во период од 20 месеци, во 2015 и 2016 година, а неколку колеги му се приклучиле во проектот. Извлекле 5 клучни работи од целиот процес:

1. Еден начин за да се постигне успех е да им се помогне на другите луѓе да успеат


Нарајан и неговиот тим ги поделиле некролозите во 2 групи: славни и непознати луѓе. Забележале дека речиси секој, славен или не, им помогнал на други луѓе на некаков начин. Изгледа дека е можно да се оствари влијание. Секој што преку својата работа на каков било начин, свесно или несвесно, му помогнал некому, постигнал успех, смета Нарајан.

2. Потребно е време за да се остави трага


Секогаш им се воодушевуваме на лица што се збогатиле во своите 20-ти години, но забораваме дека тоа се исклучоци. Според некролозите, просечната возраст за индивидуален голем прв успех е 37 години. Возраста на вредни постигнувања варира од област до област. Спортистите, на пример, постигнуваат најмногу во своите 20-ти години. Но, мора да се знае дека трпението е клучно што се однесува до успехот. Додека се дојде до крајната цел, потребни се учење, обидување, паѓање и продолжување со борбата.

3. Забелешка до родителите: уметник може да биде вредна професија

Младите талентирани луѓе, особено оние од традиционални семејства, често се охрабруваат да ги насочат своите таленти во кариери како доктор, адвокат, инженер и сл. Но, Нарајан и неговиот тим откриле дека уметноста – филм, театар, литература, музика, танц, се области што се присутни со 40% кај луѓето чии животи се напишани во некролозите. Потенцијалот не секогаш треба да биде насочен кон практични професии. Уметноста е одличен избор за секој чија креативност и имагинација немаат граници.

4. Нашите животи може да имаат големо значење и без големо признание

Најчесто во некролозите се ставени луѓе за кои никој никогаш не слушнал. Сепак, голем дел од нив сториле работи што прават да бидат запаметени и оставиле трага во нечии други животи.

5. Најосновната лекција – понизност.

Нарајан се воодушевил од разновидноста и големината на голем број од луѓето споменати во некролозите. Почувствувал неверојатна инспирација и сфатил дека има толку многу луѓе што на каков било начин даваат свој придонес во светот. Иако нивните имиња не се познати, нивното влијание остава трага засекогаш.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот