X
 28.03.2017 Технологија

Новиот подвиг на Илон Маск: Поврзување на човечкиот ум со компјутерската технологија

маск
Фото: Asa Mathat D: All Things Digital

Илон Маск ја лансира новата компанија посветена на поврзување на човечкиот мозок со компјутерите. Компанијата „Neuralink“ развива технологија која ќе им овозможи на луѓето да комуницираат директно со машините без физички интерфејс.

Таканарачените „невронски врвки“ вклучуваат поставување на електроди во мозокот за луѓето да можат да ги прикачат и преземат нивните мисли на или од компјутер. Производот би им овозможил на луѓето да постигнат повисоко ниво на когнитивни функции.

Маск и претходно покажал интерес за ваква технологија, а за првпат го опиша потенцијалниот производ за време на „Vox Media's Code“ конференцијата во 2016 година, кога изјави дека ваквата технологија ќе им овозможи на луѓето да постигнат „симбиоза“ со машините.

„Мислам дека едно од решенијата за човекот е да додаде слој на вештачка интелигенција. Дигитален слој кој би можел да работи добро и симбиотички“, изјави тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија