X
 19.05.2017 Наука

Научниците за прв пат создале крвни матични клетки во лабораторија

Две групи на истражувачи развиле две различни методи за создавање на крвни матични клетки, пристап кој може да помогне во разбирањето и борбата против канцерот.

фото извор: iStock

Само една од крвните матични клетки може да се искористи за да се поврати цел еден циркуларен систем на цицач. За жал, токму оваа моќ ги прави и склони на развивање на генетски мутации кои предизвикуваат појава на рак. Ако се осознае како точно функционира овој процес, тогаш веројатно е дека би можело да се одвојат нивните вештини од нивните слабости.

Најдобар начин за тоа е клетките да се создаваат вештачки во лабораторија. Првата група истражувачи, користела хемиски сигнали и генетски методи за да трансформира матични клетки во крвни клетки, а потоа во човечки матични клетки. Вториот тим, користеле клетки од глушец, а потоа ги промениле гените на клетките за да ги „уверат“ дека се матични клетки на глушец.

Методите на двете групи биле функционални, па успеале креирале повеќе крвни клетки. Сепак, следуваат уште многу истражувања и експерименти кои треба да отворат повеќе можности за решавање и на проблемите со мутацијата на клетките кои предизвикуваат појава на канцер.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука