X
 31.03.2017 Култура

Бесплатен влез за студенти за две претстави во МНТ на 1 април

На денот на шегата (1 Април), Македонскиот народен театар ќе одбележи 72 години од своето постоење со роденденски маратон. Од МНТ информираат дека две од трите претстави што ќе ги одигра ансамблот ќе бидат со бесплатен влез.



Имено, од 15 часот со приложен индекс или студентска легитимација ќе можат да ја видат „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а од 21 часот - да присуствуваат на 150.изведба на „Сомнително лице“ во режија на Синиша Евтимов. Билетите можат да ги подигнат од денес на билетарницата на МНТ.

Прва претстава од маратонот ќе биде „Силјан штркот“ што ќе биде изведена на малата сцена во 12 часот.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура