X
 05.04.2017 Образование

Бесплатно патување во Париз, Барселона или Венеција + џепарлак за најдобрите студенти од УКИМ, УГД и УИНТ

Министерството за образование и наука го објави јавниот повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установиво Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование*, право на учество имаат редовни студенти запишани на прв циклус на студии на првите три најдобро рангирани високообразовни установи, согласно Законот за високото образование, и кои последниот испит го положиле заклучно со јануарската сесија (не подоцна од 15 февруари 2017 година) и имаат просек од сите оценки над 9,50.

Патувањето за најдобрите студенти вклучува повратен авионски билет кој го обезбедува Министерството и парични средства кои се исплаќаат на трансакциска сметка на студентот со цел покривање на трошоците за сместување и исхрана во износ од 23.443 ден. за Париз, 18.755 ден. за Венеција и 21.469 ден. за Барселона


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование