X
 26.04.2017 Култура

Причина плус зошто треба да го посетите Гренланд

Гренланд е едно од најубавите места во светот со прекрасна и живописна зима, и живо и магично лето. Ви нудиме неколку причини зошто треба да го посетите Гренланд.

1

Ледени брегови

Името на градот Илулисат во буквален превод значи „леден брег“ на гренландски.

2

Ова гратче се наоѓа веднаш до огромниот Јакобшавн глечер кој годишно празни околу 35 милијарди тони ледени плочи, што го прави еден од најпродуктивните глечери во светот.

Се верува дека ледениот брег поради кој потонал Титаник веројатно потекнува токму од тука.

Китови

Најчесто, китовите можат да се најдат како кружат околу ледените брегови, а постојат и полноќни крстарења кои ви овозможуваат да се доближите и до китовите, и до ледените брегови и да доживеете неверојатно искуство.

кит

Див свет

Позади шарените куќи, добро одржуваните патеки на различни должини се протегаат низ околниот пејзаж каде што можете да најдете разновиден див свет, вклучувајќи ја и арктичката лисица, арктичкиот зајак, и ако имате среќа, Мошусното говедо.

4

Кучиња кои тргаат санки

Во 2011 година, во Илулисат имало повеќе кучиња од луѓе, а тука се наоѓа и една од најстарите раси на кучиња во светот која пристигнала со Сакак луѓето пред 4000 или 5000 години.

Северно од арктичкиот круг во Грендланд, дозволени се само гренландските кучиња за влечење санки, со што се заштитува и чува оваа силна и благородна раса.

6

Традиционални села


Со автентичен изглед, Илулисат всушност нуди сè - од туристичко сместување, до изнајмување кајак и квалитетни музеи, како и најсеверниот хотел во светот.

Јужно, малото традиционално село Илиманак брои 53 жители кои и ден денес го живеат истиот едноставен животен стил како пред многу години.

7

Клима

Додека долгата и студена зима нуди можност за возење на санка која ја влечат кучињата и прекрасен поглед на Аурора Бореалис, краткото, енергично лето е најдобриот период за искусување на Грендланд во најубавото и најживото светло.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура