X
 10.05.2017 Економија

Зошто само економистите се внимателни од изборот на новиот француски претседател?

Политичарите честитаат, берзите бележат рекорди, а и граѓаните се задоволни. Изгледа дека единствено некои економисти преку честитките и предупредуваат – опасноста е одложена, но не и отстранета.

фото извор: CNN

Директорот на економскиот институт во Минхен „Ifo“, Клеменс Фуест е уверен дека за Германија, новиот француски претседател Макрон ќе биде предизвикувачки, но и конструктивен партнер. Тој вели дека доколку Макрон успее да ја реформира својата земја, тоа ќе биде од корист за цела Европа. Макрон сака целата евро зона да одлучува за заеднички буџет, да има сопствен парламент и заеднички министер за финансии.

Затоа германскиот експерт е претпазлив и предупредува дека е важно Германија сама да развие концепт за иден развој на евро зоната, за да биде подготвена за разговорите кои следуваат.

И претседателот на берлинскиот институт „DIW“, Марсел Фрацшер, смета дека Франција сега има претседател кој со себе ги носи најдобрите претпоставки за обнова на Франција и реформирање на Европа. Но, тој додава дека Берлин мора да биде поотворен кон оправданите критики од Европа и Франција. Пред се, мисли на критиките на германскиот надворешно-трговски суфицит кој Макрон го нападна со остри зборови, но и на начелната политика за штедење која ја застапува оваа влада во Берлин.

Претседателот на здружениот на трговци, надворешна трговија и услужни дејности, Антон Борнер, вели дека Германско-француското партнерство мора повторно да се исполни со живот, и тоа преку заеднички инфраструктурни проекти.

Некои експерти не гледаат премногу надеж во тоа Макрон и неговите сопартијци да го освојат апсолутното мнозинство во парламентот.

Што и да зборува Макрон, сепак треба да се има на ум дека тој е уште далеку од тоа да ги „скрши“ тамошните синдикати. Но, економистите предупредуваат: единствен начин да се спречат националистите не е некој да се „скрши“, туку мнозинството граѓани на Европа да докажат дека тоа е подобра опција, пишуваат „DW“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија